Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Николова: Срамно е противењето на Славески на зголемување на минималната плата

(Видео) Николова: Срамно е противењето на Славески на зголемување на минималната плата
Img 7972

Трајко Славевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот во Град Скопје е најгласниот противник на зголемувањето на минималната плата, обвини на денешната прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Ако претходно Славески велеше дека поголема минимална плата ќе значела крах за домашната економија, тој сега вели дека барањето за зголемување на минималната плата било нереално и неоправдано. Славевски како претседател на Советот во Град Скопје добива месечен надоместок од околу 35.000 денари. Скоро три минимални плати добива Славевски за да биде десна рака на Данела Арсовска да дејствува против граѓаните, против работниците“, посочи Николова.

Претставничката на владејачката партија кажа и дека, за разлика од партијата на Славески, ВМРО-ДПМНЕ, која со години ја држела минималната плата замрзната, СДСМ за неполни пет години ја зголемила минималната плата за над 6.000 денари и, како што рече Николова, ќе продолжи да ја зголемува.

„Заедно со синдикатите, со работодавачите, ќе се најде договор и минималната плата оваа година повторно ќе биде зголемена, без разлика колку и да се противи ВМРО-ДПМНЕ“, порача таа.

Можете да прочитате

Мицкоски: Се здружиле Венко, Али и Димче за власт и поради патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Лекарската комора ќе го разгледа случајот со разрешениот директор Кузмановски и потоа ќе постапува

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом