Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Изјава на принцот Хари предизвика гнев на интернет: „Што зборува кога не работел ни еден ден?“

Изјава на принцот Хари предизвика гнев на интернет: „Што зборува кога не работел ни еден ден?“
Img 7972

Принцот Хари се најде на удар на критики поради неговата изјава на виртуелниот панел BetterUp, каде зборуваше за менталното здравје и работата.

„Од перспектива на работодавец, не можете да очекувате вашите луѓе да работат на себе кога не им давате време да го направат тоа“, рекол Хари на панелот, додавајќи дека и тој самиот доживеал исцрпеност (burnout). „Животот е учење, нели? Ако сте на 20, 30, 40, па дури и 50-годишна возраст и мислите дека сте средиле сè, ќе се случат лоши работи“, додал тој.

„Кога ќе ми се случи нешто лошо, заклучувам – ок, тука има лекција, универзумот ми праќа порака, треба да научам нешто од ова. Следниот пат кога ќе ми се случи тоа, ќе бидам поиздржлив и ќе можам да видам како да го заобиколам проблемот, за да ја постигнам саканата цел“, посочил тој.

Неговите изјави предизвикаа гнев кај многу корисници на социјалните мрежи, а назнаката #BETTERshutUPharry стана тренд на „Твитер“.

„За што, по ѓаволите, зборува тој? Па, тој во животот не работел ниту еден ден“, „Привилегиран лицемер“, „Хари, вистинските луѓе треба да работат напорно за да преживеат. Но, како може да го знаеш тоа“, се само дел од коментарите на „Твитер“.

Можете да прочитате

3 хороскопски знаци ќе имаат судбоносна средба до 6 ноември: Венера влегува во Вага

Изложба на олдтајмери во Куманово по повод 11 Октомври

Проф. д-р Јове Кекеновски ќе ја претставува Македонија на Светскиот трофеј за хармоникаши во Франција