Утрински Весник
Свет

Анкара подготвена да транспортира израелски гас во Европа

Анкара подготвена да транспортира израелски гас во Европа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара е подготвена да го испорача гасот што Израел го произведува во источниот Медитеран, а Турција го користи, понатаму во Европа.

„Веќе започнавме разговори на оваа тема со Израел. „Ние користиме израелски гас во нашата земја, но ќе учествуваме и во заедничка работа за да го донесеме во Европа“, рече Ердоган, а пренесува ТАСС.

Турскиот лидер исто така рече дека има намера да разговара за испораката на израелски гас со израелскиот претседател Исак Херцог, кој би можел да ја посети Анкара во март.

Зборувајќи за перспективите на тој проект, Ердоган потсети дека САД престанале да го поддржуваат.

„- Според мене, САД се повлекоа од проектот бидејќи таму не го најдоа она што го очекуваа, односно финансиската изводливост. Да постоеше, немаше да го напуштат“, рече турскиот претседател.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван