Утрински Весник
Спорт

Чеферин за предлогот на ФИФА: Тоа е нонсенс

Чеферин за предлогот на ФИФА: Тоа е нонсенс

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, уште еднаш истакнал дека не е добар предлогот на ФИФА, Светските првенства да се одржува на секои две години.

Неодамна првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Мундијал на секој две години, ќе привлече многу поголем интерес, што значи дека и приходите би биле поголеми.

„Идејата не е добра. Се против тоа е вистински нонсенс. Тоа е против фудбалот, против олимпискиот спорт. И Меѓународниот олимписки комитет вчера се спротивстави на оваа идеја. Не верувам дека идејата може да помине“, рекол Чеферин.

Покрај УЕФА, на предлогот на ФИФА се спротивстави и Јужноамериканската конфедерација.

> Чеферин за предлогот на ФИФА: Тоа е нонсенс <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина