Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски по средбите во Брисел: Тука сите се едногласни дека треба да почнеме со преговори веднаш

(Видео) Ковачевски по средбите во Брисел: Тука сите се едногласни дека треба да почнеме со преговори веднаш

Премиерот Димитар Ковачевски ја заврши дводневната работна посета во Брисел, а во изјава за медиумите истакна дека европските лидери биле едногласни во поддршката за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија без одлагање.

„Драго ми е што средбата со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лаен ја заокружи нашата агенда. Од неа добивме јасно изразена поддршка за нашиот пат кон Европската Унија“, истакна премиерот.

Ковачевски во Брисел информирал, за како што вели, напредокот со Бугарија во продлабочувањето на добрососедската соработка.

Според него, јасна е и поздравена заложбата на двете земји за изнаоѓање решенија и интензивирање на дијалогот.

„Низ разговори со нашите пријатели Шарл Мишел во Европскиот совет и Роберта Мецола во Европскиот Парламент, потврдена е отворената поддршка за одржувањето на првата меѓувладина конференција. Тука сите се едногласни дека Северна Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ веднаш“, нагласи премиерот додавајќи дека нашата иднина е европска, демократска и современа.

Како што рече, тоа е иднина која се темели на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата.

„Ја завршивме работната посета со средбите со драгите пријатели во Европската Унија, домот на кој му припаѓаме. Се враќаме со силна поддршка која не мотивира да го интензивираме европеизирањето дома“, порача Ковачевски.

Можете да прочитате

Дали за уништувањето на македонското знаме награда ќе биде назначување за прв пат на Албанец директор на Филхармонија?

Тошовски: Ќе одговориме жестоко на сите обиди за дестабилизација на Македонија

Поплава од македонски знамиња на профилите на функционерите од СДСМ