Утрински Весник
Свет

Ден за расплет во Црна Гора, денешното гласање ја одредува конечната судбина на Владата во Подгорица

Ден за расплет во Црна Гора, денешното гласање ја одредува конечната судбина на Владата во Подгорица

Политичката ситуација во Црна Гора се „готви“ веќе еден месец, а во зависност од одлуките што денеска ќе ги донесе црногорското Собрание ќе се знае во која насока ќе оди политиката таму – малцинска влада или предвремени избори.

Увертира во правецот во кој понатаму може да се развива ситуацијата беше вчерашната седница на парламентот, на која вицепремиерот Дритан Абазовиќ, грубо кажано, „преживеа“, пишуваат медиумите во соседството.

Но, тоа не е крајот на приказната, бидејќи денеска се очекуваат уште две собраниски седници, првата на која пратениците ќе одлучуваат за скратување на мандатот на црногорскиот парламент, а втората на која ќе се изјаснат за иницијативата на движењето на Абазовиќ и работата на пратениците од опозицијата да гласаат за недоверба на Владата.

Доколку тоа се случи, тоа може да биде вовед во формирање на нова влада, но и пат до предвремени избори, а според многумина и пат за враќање на ДПС на Мило Ѓукановиќ на власт.

Токму тоа вчера го сугерираше се уште актуелниот премиер Кривокапиќ, кој прогнозира дека денеска би можел да ја загуби функцијата, пренесуваат медиумите.

„Иницијативата за промена на Владата е одамна планирана и сега само навлегуваме во крајот на тој план“, рече тој, додавајќи дека знае дека за него и неговата влада ќе се гласа за недоверба на следната седница.

Вели дека „крајот“ е дел од претходно договорениот план на поединци со актуелниот шеф на државата Мило Ѓукановиќ. Тој додава дека останал „на ставот на пожртвувана борба за здрава Црна Гора и подобар живот на граѓаните“.

Истакна дека неговата влада не може да преживее затоа што нападот доаѓа одвнатре од оние кои како што вели направиле најмногу врева и оние кои работеле најмалку.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници