Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција е продготвена да организира преговори меѓу Украина и Русија

Ердоган: Турција е продготвена да организира преговори меѓу Украина и Русија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи во Турција да се одржат разговори меѓу Украина и Русија, во обид да се смират тензиите меѓу двете земји.

„Ќе ни биде мило да организираме преговори на ниво на лидери или на техничко ниво“, рече Ердоган на прес-конференција со украинскиот колега Володимир Зеленски.

Анкара го поддржува територијалниот интегритет на својот стратешки партнер Украина, што го вклучува и полуостровот Крим, кој моментно е под руска власт, додаде тој.

Зеленски му се заблагодари на Ердоган за неговите напори и рече дека посетата на Ердоган покажува дека Турција е пријател на Украина.

Турскиот претседател е последниот во низата државни лидери што го посети Киев. Британскиот, холандскиот и полскиот премиер веќе беа таму во услови на зголемени дипломатски активности насочени кон избегнување вооружен судир во источна Европа.

Ердоган ги повика спротивставените страни да покажат воздржаност и на мирно решение за кризата, делумно предизвикана од собирањето на руска војска на границата со Украина. Москва негира дека има намера да изврши инвазија.

Сепак, западните земји се скептични и тврдат дека Русија со години незаконски го окупира Крим и поттикнува конфликти во источна Украина меѓу владата и проруските сепаратисти.

Уште пред неговата посета, Ердоган веќе понуди да биде домаќин на лидерите на Русија и Украина за мировни преговори. Киев ја прифати поканата, но засега нема став од Москва.

Можете да прочитате

Шест отсечени човечки глави пронајдени покрај пат во Мексико

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините

Германија и нејзините сојузници работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина