Шкотскиот клуб Реит роверс се откажа од новото засилување, Дејвид Гудвили, откако во 2017 година тој во цивилен судски случај беше „прогласен“ за силувач, откако оваа одлука предизвика бура реакции во шкотската јавност.
По одлуката да потпишат со Гудвили, двајца директори на клубот, целиот женски тим, како и спонзорите на дресовите го напуштија клубот. Женскиот тим ги смени своите дресови без грбот на клубот, а реагираа и шкотксата премиерка Никола Стурџен и поранешниот британски премиер (и навивач на клубот), Гордон Браун.
„Се извинувам на навивачите, спонзорите, играчите и на цела заедница околу Реит роверс за болката која им ја нанесовеме последните денови. Згрешивме. Се фокусиравме премногу на фудбалските работи, а не доволно на влијанието на клубот и на заедницата“, изјави претседателот на клуботЏ Џон Сим.
Гудвили, кој има две пресуди за напад, не бил кривично гонет бидејќи обвинителството сметало дека нема докази за случајот, но во цивилен случај беше осуден во 2017 година.
> Шкотскиот клуб Реит роверс се откажа од фудбалерот кој беше осуден за силување <