Утрински Весник
Свет

Русија ѝ возвраќа на Германија, ја забрани работата на „Дојче Веле“

Русија ѝ возвраќа на Германија, ја забрани работата на „Дојче Веле“
Dik 300x250 mk

Русија денеска соопшти дека ги затворила канцелариите на германската медиумска куќа „Дојче веле“ (ДВ), како одговор на германската забрана за работа на рускиот медиум „Раша тудеј ДЕ“ (РТ ДЕ).

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека канцеларијата на „Дојче веле“ ќе биде затворена, а новинарите ќе ги загубат акредитациите и каналот ќе престане да емитува програма на територијата на Русија, пренесе „Ројтерс“.

Руските власти, исто така, покренаа постапка за вклучување на ДВ во листата на „медиуми кои дејствуваат во име на странски агент“, според рускиот закон за „странски агенти“.

Германското регулаторно тело за медиуми МААБ неделава соопшти дека РТ ДЕ не може да се емитува во Германија со користење на српска лиценца.

„Нема дозвола за емитување на оваа програма во Германија, ниту пак досега било поднесено барање за емитување“, се вели во соопштението на Комисијата за контрола и лиценцирање на јавно емитување на радио и ТВ програми во Германија.

РТ во Германија досега се емитуваше на неколку канали, вклучително и на интернет и преку сателити. РТ се повика на лиценцата за емитување во Европа издадена која за оваа програма ја издале од властите во Србија. Германската радиодифузна канцеларија дојде до заклучок дека РТ нема дозвола која би го оправдала емитувањето во Европската унија.

Во меѓувреме, програмата на РТ на германски јазик е отстранета од каналот на „Јутјуб“, како и од сателитската програма на „Еутелсат“.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа