Утрински Весник
Магазин

Кејт Мидлтон се пофали со своите рагби вештини

Кејт Мидлтон се пофали со своите рагби вештини

Војвотката од Кембриџ стана првиот член на кралското семејство што презеде едно од покровителствата на принцот Хари, откако беше прогласена за нова фигура на англискиот рагби.

Кејт Мидлтон ги покажува своите вештини со топка додека го заменува принцот Хари како покровител на англиското рагби – станувајќи прв член на кралското семејство кој го презеде едно од поранешните покровителства на принцот по т.н. „Мегзит“.

Кејт Мидлтон (40) утрово беше прогласена за нов покровител на Rugby Football League и Rugby Football Union (Рагби лига и Рагби фудбалски сојуз), улоги кои претходно ги имаше принцот Хари, војводата од Сасекс.

Најавувајќи го назначувањето на Твитер, Кејт напиша дека е возбудена што поддржува „две фантастични организации кои се посветени на искористување на моќта што спортот може да ја има во зближување на заедниците и помагање во напредокот на поединци“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 октомври 2026 година

Дневен хороскоп за 28 октомври: Близнаците добиваат интересна понуда, Јарците завршуваат важна обврска

На генералната конференција за тежини и мерки во Версај донесени одлуки за иднината на мерењето на времето