Утрински Весник
Свет

НАТО: Русија испрати речиси 30.000 војници, авиони и ракети во Белорусија

НАТО: Русија испрати речиси 30.000 војници, авиони и ракети во Белорусија

Русија префрлила речиси 30.000 војници опремени со модерно оружје во Белорусија во последните денови, изјавил денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, според написите во регионалните медиуми.

„Русија ги премести силите за специјални операции ‘Спезназ’, борбените авиони ‘су-35’, ракетите со двојна способност ‘Искандер’ и системите за противвоздушна одбрана ‘С-400’“, изјавил Столтенберг, цитиран од „Ројтерс“.

Терминот двојна способност, што Столтенберг го користел за ракетите „Искандер“, се користи за опишување оружје наменето за конвенционална и нуклеарна војна, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел

Венецуелската држава Ла Гваира прогласена за зона на катастрофа

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија