Утрински Весник
Свет

Нови мерки во Црна Гора – се укинуваат сертификатите во трговските центри

Нови мерки во Црна Гора – се укинуваат сертификатите во трговските центри

Владата на Црна Гора донесе нови антиепидемиски мерки кои ќе важат од 4 до 18 февруари. Со новите мерки се укинува сертификатот во трговските центри.

Дозволено е и присуство на публика во спортските центри, до четвртина од вкупниот број седишта со поседување сертификат, носење маска и растојание од две седишта меѓу гледачите.

Бројот на новозаболени во изминатите две недели е за околу 50 отсто помал во однос на претходните две недели.

– Дневното ниво на боледување е се уште високо, така што нема опуштање – рече директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ на денешната прес-конференција.

Бидејќи сојот омикрон е доминантен, бројот на пријавени смртни случаи е 0,3 отсто во однос на вкупниот број новозаболени, што е четири до шест пати помалку отколку кога доминантниот вид делта, посочи Галиќ.

Можете да прочитате

Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Боложан

Тројца загинати во пад на мал авион врз зграда во Бразил

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран