Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Арсенал му платил на Обамејанг за да замине од клубот

Арсенал му платил на Обамејанг за да замине од клубот
Img 7972

Пјер-Емерик Обамејанг до 2025 година ќе биде играч на барселона. Клубот од „Ноу Камп“, денес го потврди трансферот, кој беше договорен во неделата, во последните часови од преодниот рок.

Обамејанг во Барселона се пресели како слободен играч. Габонецот и Арсенал договорија спогодбен раскин на неговиот договор, кој имаше важност до јуни 2023 година.

Обамејанг беше отпишан од менаџерот Микел Артета, поради кршењето на клупската дисциплина.

Со заминувањето на Обамејанг, Арсенал во буџетот за плати ослободија околу 30.000.000 евра. Клубот, неделно му плаќаше на напаѓачот 420.000 евра.

„Тајмс“, откри на кој начин Арсенал се раздели со фудбалерот, за чии трансфер од Дортмунд, во јануари 2018 година издвои 64.000.000 евра.

За да не седи на трибините и да зема плата во наредните 18 месеци, Арсенал му исплатиле на Обамејанг 8.000.000 евра.

> Арсенал му платил на Обамејанг за да замине од клубот <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица