Утрински Весник
Свет

Украина: Нема посебен статус за Донбас

Украина: Нема посебен статус за Донбас

Украинските власти ја отфрлаат можноста да се дозволи специјален статус на Донбас (регион во источна Украина), како и можноста за ставање вето на одредени владини одлуки, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Ниту еден украински регион нема да има моќ да влијае на државните одлуки. Ова е врежано во камен. Нема да има посебен статус, како што замислува Русија“, додаде тој, пренесува ТАС С.

Тој рече дека Киев работи на широка децентрализација, но дека во исто време е подготвен да работи и на имплементација на Договорот од Минск.

Можете да прочитате

Русија со Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Бројот на жртви во несреќата во Шпанија порасна на 41

Кина: Трамп нè покани во Комитетот за мир