Утрински Весник
Свет

Рускиот амбасадор во ОН ја напушти седницата на Советот за безбедност

Рускиот амбасадор во ОН ја напушти седницата на Советот за безбедност

Амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, ја напушти седницата на Советот за безбедност посветена на Украина, пред изјавата на претставникот на Украина, во која изјави дека има закажан состанок со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„ Ве молам, не го сметајте ова за демонстративно заминување. Морам да ја напуштам оваа седница поради претходно закажаната средба со генералниот секретар на ОН по повод агендата на нашето претседателство“, рече Небензја, пренесува ТАС С.

По заминувањето на амбасадорот Небензје, збор зеде постојаниот претставник на Украина во Обединетите нации, Сергеј Кишлица, а Русија потоа ја претставуваше Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Руската Федерација во ОН.

Можете да прочитате

Минимален сообраќај низ Ормуската Теснина во екот на војната во Иран

Ердоган вели дека Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

Хезболах: Ќе спречиме израелска окупација на јужен Либан