Утрински Весник
Спорт

Трајковски се пресели во Ал-Фајха

Трајковски се пресели во Ал-Фајха

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски (29), кариерата ќе ја продолжи во Ал-Фајха. Во Саудиска Арабија, Трајковски, се сели од Олборг, каде што го мина есенскиот дел од сезоната како позајмен играч од Мајорка.

Трајковски пред да се пресели во Саудиска Арабија го раскина договорот со Мајорка.

Трајковски со Ал-Фајха потпишал 18 месечен договор, до јуни 2023 година, со опција договорот да биде продолжен на уште една сезона.

Тренер во Ал-Фахја е поранешниот фудбалер на Партизан, Вук Рашовиќ.

> Трајковски се пресели во Ал-Фајха <

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание