Утрински Весник
Свет

Градот Алгар во Шпанија предлага уличниот вечерен разговор да се стави на листата на УНЕСКО

Градот Алгар во Шпанија предлага уличниот вечерен разговор да се стави на листата на УНЕСКО

Алгар, град со 1.400 жители во јужна Шпанија, побара од УНЕСКО да го вклучи уличниот вечерен разговор на списокот на светско наследство, со што ќе го заштити вековното дружење на отворено.

Во Алгарве, кој се наоѓа во внатрешноста на земјата и е оддалечен 60 километри од крајбрежниот град Кадиз, летата се екстремно жешки, па луѓето излегуваат само навечер кога жештините се намалуваат, јавуваат локалните медиуми.

Штом првиот самрак се наѕира над местото и доаѓа свеж воздух од околните планини, локалните жители почнуваат да носат столови и маси пред своите куќи, а групи од 10 до 15 луѓе се собираат на улиците за да разговараат, да играат карти или само да уживаат во амбиентот.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили