Утрински Весник
Свет

Џонсон размислува двојно да го зголеми бројот на војници на европските граници

Џонсон размислува двојно да го зголеми бројот на војници на европските граници

Британскиот премиер Борис Џонсон размислува за удвојување на бројот на војници распоредени за зајакнување на европските граници, истовремено предупредувајќи дека упадот од Русија во Украина би бил „трагедија“.

Џонсон рече дека новата британска понуда до НАТО, која во моментов се разгледува, ќе испрати јасна порака до Кремљ“ дека нема да ја толерираат нивната дестабилизирачка активност, објави британската влада.

Покрај зголемувањето на бројот на војници, британската влада изјави дека тоа може да вклучи и испраќање одбранбено оружје во Естонија. Може да се испратат и брзи авиони, воени бродови и воени експерти за заштита на сојузниците на НАТО.

Даунинг стрит соопшти дека можното распоредување ќе ја зајакне одбраната на НАТО и ќе ја нагласи поддршката на Обединетото Кралство за нордиските и балтичките партнери.

Можете да прочитате

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати

Руски медиуми: Хеликоптер на германското воздухопловство леташе во близина на руската граница