Утрински Весник
Свет

Амбасадата на САД во Киев повторно ги советува своите граѓани да ја напуштат Украина

Амбасадата на САД во Киев повторно ги советува своите граѓани да ја напуштат Украина

Амбасадата на САД во Украина повторно ги советува своите граѓани да ја напуштат земјата, поради наводната закана од руска инвазија.

„ Безбедносната ситуација во Украина останува непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без најава. Американските граѓани во Украина треба да размислат за заминување сега, користејќи комерцијални или други приватно достапни опции за превоз“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Во соопштението, амбасадата наведе неколку земји како можни рути за евакуација: Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија.

Претходно Австралија, Велика Британија, Германија, Канада и Јапонија објавија дека се евакуираат дипломатите и нивните семејства.

Можете да прочитате

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска