Утрински Весник
Спорт

Крејчикова и Синијакова со прва титула од Австралија опен

Крејчикова и Синијакова со прва титула од Австралија опен

Чешката двојка Барбора Крејчикова и Катерина Синијакова стигнаа на чекор од гренд слем во кариерата, освојувајќи ја својата прва титула од Австралија опен со 6:7(3)/6:4/6:4 победа над Ана Данилина и Беатриз Хадад Маја.

Чехинките веќе имаат две титули од Ролан Гарос и една од Вимблдон, заедно со олимпиското злато од Токио, а трофејот од Мелбурн им е четврта гренд слем титула во последните пет финалиња и прва на хардкорт подлога.

Тие го загубија првиот сет, нивни прв загубен сет на турнирот, но по тешка борба по 2 часа и 42 минути го освоија трофејот.

> Крејчикова и Синијакова со прва титула од Австралија опен <

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија