Утрински Весник
Свет

Снежно невреме го парализира Њујорк

Снежно невреме го парализира Њујорк

Во текот на ноќта и утрото Њујорк го зафати снежна бура која целосно го парализираше животот во еден од најголемите градови во светот.

Иако направија се за да се подготват, надлежните сепак ги предупредија граѓаните да избегнуваат да ги напуштаат домовите, додека повеќето административни институции беа затворени.

Сообраќајот се одвива многу отежнато, а температурата се спушти до 8 степени под нулата, додека субјективното чувство е минус 18 степени поради силниот ветер.

Снежната покривка за само еден ден достигна висина од 40 сантиметри. Дури и познатата фонтана во паркот Брајант целосно замрзна, што е глетка која многу ретко се гледа, но доволно говори за размерите на студениот бран што го зафати овој простор.

Улиците се речиси пусти бидејќи повеќето граѓани се двоумат дали да одат некаде по проблемите што се случија при последното слично невреме, кога стотици возила со часови беа заглавени во снегот.

Метеоролозите најавуваат дека врнежите ќе почнат да слабеат во текот на ноќта.

Владите на сојузните држави Мериленд, Масачусетс, Њу Џерси, Њујорк прогласија вонредна состојба, предупредија на можен прекин на електричната енергија и апелираа до граѓаните да не патуваат денеска.

Можете да прочитате

ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил- бомба на Кримскиот мост

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери