Утрински Весник
Свет

Белата куќа: Ако има санкција, целта ќе биде руската индустрија

Белата куќа: Ако има санкција, целта ќе биде руската индустрија

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да ги поштеди обичните руски граѓани од американските извозни контроли доколку Русија ја нападне Украина и да се фокусира на одредени руски индустриски и технолошки сектори, изјави претставникот на Белата куќа Питер Херел.

„Клучните луѓе“ ќе се соочат и со „значителни санкции“, додаде високиот економски функционер Теа Кендлер, објави Ројтерс.

Санкциите би можеле да ја таргетираат руската економија, па би биле погодени индустрискиот и технолошкиот сектор, поточно се споменува производството на паметни телефони.

– Не можеме да ја предвидиме секоја акција, но намерата е да се деградираат руските индустриски капацитети и производство, а не да се таргетираат поединци, односно секојдневни руски потрошувачи – изјави националниот советник во Белата куќа Херел.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози