Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Скопјани пијат чиста и безбедна вода

Скопјани пијат чиста и безбедна вода
300x250 opst2

Жителите на Скопје пијат чиста и безбедна вода, потврдија денеска од ЈП „Водовод и канализација“.

Квалитетот на водата за пиење од водоснабдителниот систем во Скопје, како што наведуваат, се контролира во Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“, чиј составен дел се акредитирани лаборатории според ISO 17025. Преку процесот на контрола, кој подразбира постојан мониторинг и запазување на високите стандарди, се потврдува квалитетот и безбедноста на водата за пиење, која високо котира во европски рамки.

Во работна посета на Секторот за санитарна контрола денеска беше и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, кој се запозна со процесот на работа и процесот на контрола на водата, кој секојдневно се изведува преку примероци од повеќе од 50 мерни места во градот Скопје.

Покрај запознавањето со процесите кои се изведуваат во хемиската, микробиолошката и молекуларната лабораторија, Перински се запозна и со тековните проекти. Тој беше информиран и за оперативноста на Секторот за санитарна контрола чии лаборатории врз основа на своите достигнувања се доближуваат до лабораториите на европско и светско ниво.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места