Утрински Весник
Македонија

„Железници Транспорт“: Штрајкот е незаконски, вработените редовно примаат плата

„Железници Транспорт“: Штрајкот е незаконски, вработените редовно примаат плата

Од „Железници Транспорт“ соопштија дека штрајкот на машиновозачите е незаконски, бидејќи не бил организиран согласно законот за работни односи и колективниот договор на компанијата.

„ Истиот не е предизвикан од социјален момент и условите за извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал кој има тримесечен просек на плата од 50.808 денари“, се вели во соопштението на компанијата во врска со штрајкот.

Оттаму додаваат велат дека во услови на пандемија и енормно зголемена цена на електричната енергија редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените, а во изминатиот период се зголемени и нивните плати. Исто така најавуваат дека во следното соопштение ќе ги соопштат имињта на машиновозачите кои штрајкувале и кои возови не сообраќале во овие два дена додека трае штрајкот.

Машиновозачите втор ден штрајкуваат со барање да го добијат вториот дел од декемвриската плата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ има пад од 130.000 гласа, затоа Мицкоски е во паника, вели Жерновски

Билјана Ивановска влегува во трката за градоначалник на Центар како независна кандидатка

Уставниот суд да толкува согласно Уставот и неговиот дух, а не да чита црно-бело, вели вицепремиерот Меџити