Утрински Весник
Спорт

Њукасл и Лион го договориле трансферот на Гимараеш

Њукасл и Лион го договориле трансферот на Гимараеш

Њукасл јунајтед, во наредните 48 часа ќе го комплетира трансферот на Брунио Гимараеш од Олимпик Лион. Французите ја прифатиле 40.000.000 евра за Бразилецот. Њукасл за овој трансфер ја доби трката со Арсенал.

Бруино Гимараеш има 24 години, во Лион пристигна во 202 година од Атлетико Паранаенсе. Бразилскиот репрезентативец ќе стане второто најскапо засилување во историјата на клубот.

Пред нешто повеќе од три години, Њукасл на Хофенхајм им платија 44.000.000 евра за Жоелингтон.

Медиумите пишуваат дека, Гимараеш во Њукасл ќе добие неделна плата од 220.000 евра, што е за четири пати повеќе од она што го заработувал во Лион.

Бруно Гимараеш ќе биде третото засилување за Њукасл во зимскиот преоден рок. Претходно клубот се засили со Киран Трипие од Атлетико Мадрид за 15.000.000 евра и Крис Вуд од Барнли за 30.000.000 евра.

> Њукасл и Лион го договориле трансферот на Гимараеш <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина