Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ се пријавил за турнирот во Дубаи

Ѓоковиќ се пријавил за турнирот во Дубаи

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, сезоната ќе ја започне на турнирот во Дубаи. Откако не му дозволија да ја брани титулата на Австралија опен, името на Ѓоковиќ се наоѓа меѓу пријавените за овој турнир од серијата 500.

Покрај Ѓоковиќ на списокот има уште осум играчи од Топ 20 на АТП листата: Андреј Рубљов, Феликс Оже-Алијасим, Јаник Синер, Хуберт Хуркач, Денис Шаповалов, Аслан Карацев, Роберто Баутиста-Агут и Гаел Монфис.

Ѓоковиќ, во кариерата, пет пати победил во Дубаи. На овој турнир има само еден пораз во финалето, од Роџер Федерер.

АТП турнирот во Дубаи ќе започне на 14.февруари.

> Ѓоковиќ се пријавил за турнирот во Дубаи <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk