Утрински Весник
Магазин

Елтон Џон ги одложи концертите во САД поради позитивен тест за Ковид-19

Елтон Џон ги одложи концертите во САД поради позитивен тест за Ковид-19

Сер Елтон Џон беше принуден да одложи два концерта во Далас, Тексас, откако неодамна беше позитивен на коронавирусот.

Музичарот (74) е вакциниран со две дози и бустер, а моментално има само благи симптоми, се наведува во објавата на неговиот Инстаграм-профил.

Пандемијата предизвика одложувања на прошталната турнеја на Сер Елтон, Farewell Yellow Brick Road, во неколку наврати.

Друга британска суперѕвезда, Адел, минатата недела ги откажа настапите во Лас Вегас поради Ковид-случаи во нејзиниот тим.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 02 Февруари 2026 година

Совети за подобра, помирна и посилна врска или брак

Пилешко во кари сос – 24info.mk