Утрински Весник
Спорт

Повредата на Бензема не била сериозна

Повредата на Бензема не била сериозна

Карим Бензема, првото име на Реал Мадрид, е оптимист кога е во прашање повредата со која се здоби во неделата, против Елче.

Францускиот репрезентативец, против Елче играше 58 минути. Поради повреда на мускулот тој беше заменет. Претходно не реализираше пенал, при резултат 0:0.

Тој смета дека повредата не е сериозна и дека ќе има доволно време за рехабилитиација. Добра вест за Реал е што во Ла Лига следува куса пауза. Наредниот меч Реал ќе го одигра во Купот, против Атлетик Билбао на 3.февруари.

Потоа ќе играат во Ла Лига против Гранада и Виљареал, а на 15.февруари е првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите, против ПСЖ.

> Повредата на Бензема не била сериозна <

Можете да прочитате

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство