Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Рамзан Кадиров: Да бев на местото на Путин, одамна ќе ја окупирав Украина

Рамзан Кадиров: Да бев на местото на Путин, одамна ќе ја окупирав Украина
300x250 opst2

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека САД ја користат Украина за поставување воена база на нејзина територија, додавајќи дека доколку тој бил на местото на рускиот претседател Владимир Путин, „одамна ќе ја окупирал Украина“.

Кадиров изјави дека најблизок сосед на Русија е Украина и дека се работи за словенските народи, пренесува РИА Новости.

Според Кадиров, Америка не и прави ништо добро на Украина, но и треба држава во која ќе ја постави својата база.

– Ако има луѓе во Украина, тие мора да се спротивстават, а ако ги нема во Украина, тогаш Русија мора да преземе мерки, рече Кадиров.

Тој додаде дека доколку тој би бил претседател, одамна ќе ја окупирал Украина, ќе испрати војници и ќе воспостави ред.

– Ако Америка или некој мисли дека е можно да се уништи Русија или да се окупира или да се фрли нашата земја на колена, тоа никогаш нема да се случи, нагласи Кадиров.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови