Утрински Весник
Магазин

Бенедикт Камбербач сакал да биде во изолација во Нов Зеланд

Бенедикт Камбербач сакал да биде во изолација во Нов Зеланд

Бенедикт Камбербач откри дека уживал додека бил во самоизолација.

45-годишниот актер, кој има три деца Кристофер (6), Хал (4) и Фин (3) со сопругата Софи Хантер, беше на снимање на вестерн драмата на „Нетфликс“, „Моќта на кучето“, во Нов Зеланд кога беа воведени ограничувања за движење со цел да се запре ширењето на Ковид-19.

Актерот се радувал што може да поминува време со своето семејство додека учел нови вештини за филмот.

„Го сакав локдаунот. Бев со сопругата и децата. Мајка ми и татко ми дојдоа на тринеделна посета за да го видат нивното момче како јава коњ и одгледува добиток. И останаа пет месеци! Бевме многу среќни. Далеку од дома, но најдовме нов дом,“ изјави Бенедикт за американското издание на „ОК!“.

Ѕвездата на „Шерлок“ ја презеде улогата на нестабилен сопственик на ранч во „Моќта на кучето“, филм заснован на романот од Томас Севиџ од 1967 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста