Утрински Весник
Спорт

Конте „избришал“ петмина од Тотенхем

Конте „избришал“ петмина од Тотенхем

Антонио Конте пречкртал петмина фудбалери, тие до крајот на преодниот рок ќе треба да го напуштат Тотенхем, во спротивно ќе седат на трибините.

Изнеандувачки е што на оваа листа се наоѓа Стивен Бегвајн, режисерот на сензационалниот пресврт на Тотенхем против Лестер, во минатото коло. На трансфер листата се наоѓа и најскапиот играч во клупската историја, Тунгај Ндомбеле.

Нов клуб можат да си бараат аргентинскиот репрезентативец, Џовани Ло Селсо, Деле Али и младиот Шпанец, Брајан Хил.

Деле Али веројатно ќе се обиде во Њукасл да ја врати кариерата на вистинскиот пат, за Ло Селсо постои интерес од Севилја, но прашање е колку е ова реално бидејќи Аргентинецот е поранешен играч на Бетис.

Брајан Хил, кој има голем потенцијал и кој пристигна од Севилја во летниот преоден рок, сезонава има одиграно само 85 минути во Премиер лигата. Тотен хем смета дека е најдобро вториот дел од сезоната да го мине во клуб каде што ќе има поголема минутажа. Наводно Валенсија сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.

За Ндомбеле интерес покажува ПСЖ. Дел од медиумите најавуваат дека е можна размена на двата клуба, Ндомбеле за Жоржињо Вајналдум.

> Конте „избришал“ петмина од Тотенхем <

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига