Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Пецаков е фатен како ги крши здравствените протоколи, затоа ВМРО-ДПМНЕ лаже за Зечевиќ

СДСМ: Пецаков е фатен како ги крши здравствените протоколи, затоа ВМРО-ДПМНЕ лаже за Зечевиќ

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени како не ги почитуваат законите и здравствените протоколи, партијата се дозакопува со нови невистини.

Не е точно дека генералниот секретар Миле Зечевиќ бил позитивен на празникот Водици, ниту, пак, дека со симптоми учествувал на настаните тој ден. Тоа е целосна невистина од кујната на очајната ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Ограмна е разликата помеѓу Миле Зечевиќ и неодговорноста на Кирил Пецаков.

Од СДСМ наведуваат дека Кирил Пецаков додека чекал резултати за Ковид-19, спротивно на протоколите, беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици, наместо да биде во изолација и затоа Пецаков треба да понесе одговорност.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт