Утрински Весник
Свет

Повеќекратно убиство во Милвоки – во куќа пронајдени пет тела

Повеќекратно убиство во Милвоки – во куќа пронајдени пет тела
Dik 300x250 mk

Мртвите тела на пет лица се пронајдени во куќа во американскиот град Милвоки, а полицијата смета дека се работи за повеќекратно убиство, соопштија локалните власти.

Полицијата на Милвоки одговорила на повикот околу 15:45 часот во неделата за да ја провери ситуацијата во куќата во која подоцна биле пронајдени мртви четворица мажи и една жена, изјави на прес-конференција помошник началникот на полицијата во Милвоки, Пол Формоло.

Идентитетот на жртвите се уште се утврдува.

– Граѓаните на нашата заедница беа загрижени за станарите што живееја таму. Ова е нормален повик на кој треба да одговориме. Тоа го правиме постојано – изјави Формоло.

Тој додаде дека се уште не се познати мотивите и дека нема информации што би навестиле дека постои опасност за заедницата.

Обдукциите, како што беше најавено, ќе бидат извршени денеска.

Можете да прочитате

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал