Утрински Весник
Свет

(Видео) Две групи американски носачи на авиони впловија во Јужното Кинеско Море

(Видео) Две групи американски носачи на авиони впловија во Јужното Кинеско Море
Dik 300x250 mk

Две групи американски носачи на авиони впловија на обука во Јужното Кинеско Море, соопшти денеска американското Министерство за одбрана

Во соопштението на Министерството се наведува дека две ударни групи на американски поморски носачи, предводени од нивните водечки бродови US Carl Vinson и US Abraham Lincoln, започнале со операции во Јужното Кинеско Море во неделата, пренесува Reuters.

Во соопштението се додава дека ќе спроведат вежби кои вклучуваат операции против подморници, операции за воздушно војување и операции за поморска забрана со цел да се зголеми борбената готовност.

Обуката ќе се одвива во согласност со меѓународното право во меѓународни води, додаваат од Министерството за одбрана, не наведувајќи детали.

„ Операциите како овие ни овозможуваат да ја подобриме нашата способност за борба, да ги убедиме нашите сојузници и партнери во решеноста на морнарицата да обезбеди регионална стабилност и да се бори против злонамерното влијание“ – рече командантот Ј.Т. Андерсон, кој ја предводи групата Абрахам Линколн

https://www.youtube.com/watch?v=h_DfNLUmh3A

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор