Утрински Весник
Магазин

Канје Вест бара конечно зелено светло за неговиот документарец

Канје Вест бара конечно зелено светло за неговиот документарец

Канје Вест побара конечно одобрување на неговиот претстоен документарен филм за „Нетфликс“.

44-годишниот рапер се огласи на Инстаграм за да повика за финална монтажа на документарниот филм Jeen-Yuhs, кој требаше да биде премиерно прикажан на виртуелниот филмски фестивал „Санденс“.

„Ќе го повторам ова за последен пат. Морам да добијам конечна верзија и одобрување на овој документарец пред да биде објавен на Нетфликс“.

Хитмејкерот објасни дека сака да го контролира својот „сопствен имиџ“. Тој напиша: „Отворете ја просторијата за монтажа веднаш за да можам да бидам одговорен за мојот имиџ. Однапред ви благодарам“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 12 мај 2026 година

Глобалниот форум за дизајн ќе ги собере врвните меѓународни дизајнери во Истанбул

„Евровизија“ меѓу политиката и мега-спектаклот: Кои се фаворитите за победа?