Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ЈСП: Голем интерес кај граѓаните за вратените ноќни линии

ЈСП: Голем интерес кај граѓаните за вратените ноќни линии
Img 7972

Граѓаните покажуваат голем интерес за користење на вратените ноќни линии на ЈСП, коишто од пред околу еден месец повторно се во функција, велат од претпријатието.

Со реализацијата на овој проект за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години.

„Воведувањето на ноќни линии се дел од промените за подобар јавен градски превоз, што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје, каде што градоначалничката Арсовска вети дека истото ќе го исполни во првите 82 дена од нејзиниот мандат“, велат од ЈСП.

Станува збор за 9 автобуски линии кои сообраќаат по делничен возен ред, и тоа линиите со број 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В, додека за време на викендите и државните празници сообраќаат вкупно 11 ноќни линии и тоа 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65В.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб-страницата на ЈСП Скопје.

Можете да прочитате

СДСМ: До евтините пратки и дојде на власта, ДПМНЕ пак удри по џебот на граѓаните

Поднесено обвинение против лице што му се заканувало на директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите

Европската левица го следи случајот со цензурата врз Левица