Утрински Весник
Свет

ЦИА: Русија не стои зад „синдромот Хавана“ – истрагата за мистериозната болест продолжува

ЦИА: Русија не стои зад „синдромот Хавана“ – истрагата за мистериозната болест продолжува

Повеќето случаи на таканаречениот „синдром Хавана“ може да се објаснат со еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес, а не со дејствија преземени од странска сила, објави денеска Њујорк тајмс, цитирајќи претставници на американската Централна разузнавачка агенција.

Повеќето од 1.000 случаи на Хавана синдром испитани од американските иследници се објаснети и покажуваат дека мистериозната болест не ја предизвикала Русија или друг странски противник, изјавија претставници на ЦИА.

Исто така, беше објавено дека ЦИА продолжува да истражува повеќе од дваесет необјаснети случаи, односно наводната мистериозна болест која ги зафати американските дипломати, официјални лица и членови на нивните семејства.

Синдромот првпат го привлече вниманието на јавноста во 2016 година, откако десетици дипломати во американската амбасада во Хавана се пожалија на мигрена, гадење, слаба меморија и вртоглавица.

Можете да прочитате

Најмалку 2.869 луѓе досега убиени во израелските напади врз Либан

Трамп: Сè уште верувам во мир со иранското раководство

Пукање во Ница, има убиени и ранети