Утрински Весник
Свет

Захарова со критики за американските новинари

Захарова со критики за американските новинари
Dik 300x250 mk

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги критикуваше американските новинари кои за време на прес-конференцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден отворено зборуваа за рускиот напад врз Украина, но се воздржаа да прашаат за проширување на НАТО.

„Изненадувачки е како американските новинари зборуваа за рускиот напад врз Украина за време на прес-конференцијата на Бајден, делувајќи како никогаш да не слушнале за проширувањето на НАТО на исток и за обврските на западните земји во однос на неделивоста на безбедноста. Како да не знаат ништо за провокациите на Киев и поддршката што ја добија од Вашингтон“, рече Захарова на Телеграма.

Ваквото однесување на новинарите таа го оцени како „криминален пропуст“.

Како што јави ТАС С, Западот и Киев неодамна шират гласини за потенцијална руска инвазија на Украина, што портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги опиша како „празни и неосновани“ тврдења, односно како трик на Западот да предизвика ескалација на тензиите.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно