Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски на Петков не му ги постави прашањата за кои се силеше

СДСМ: Мицкоски на Петков не му ги постави прашањата за кои се силеше

СДСМ реагира по средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со бугарскиот премиер, Кирил Петков.

„Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?

Исплива на површина уште едно лицемерие на Христијан Мицкоски.

Откако вчера се силеше, јавно повикуваше новинари да му постават прашања на Петков, вечерва од Мицкоски молк.

Зошто Мицкоски не ги поставил прашањата кои вчера ги нарачуваше од новинарите?

Неодговорно е едно да се зборува пред камери а друго на средби.

Ова не му е прв пат на Мицкоски, истото се случи и на средбата со поранешниот премиер на соседна Бугарија, Бојко Борисов.

Мицкоски уште еднаш покажа дека е политичар без став за важните државни и национални теми“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Ниеден од 13те полицајци обвинети за ,,Пулс” не призна вина

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пример за корумпиран политичар

Муцунски: Обновата на Украина не значи само реконструкција на инфраструктурата, туку и обновување на животите, довербата и надежта