Утрински Весник
Македонија
Img 7972

УНИЦЕФ: Северна Македонија веќе имаше најдолго затворање на училиштата во регионот, тоа треба да биде последна мерка

Комисијата за заразни болести бара дополнителни информации од МОН
300x250 opst2

Одложувањето на учебната година треба да биде мерка од привремен карактер. Затворањето на училиштата за физичко присуство мора да биде последна мерка, изјави претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани.

Таа наведе дека треба да се вложат сите напори за децата да се вратат во училниците. Рече дека претходните одложувања на почетокот на учебната година беа ретки и изгубеното време за учење беше компензирано. Сегашната ситуација, вели ДиЏовани се влошува со долги периоди на затворање на училиштата поради пандемијата.

Претставничката на УНИЦЕФ е децидна дека уште еден бран на затворање училишта би бил катастрофален за децата.

„Пред пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија веќе се соочуваше со криза во учењето при што повеќе од половината од сите петнаесетгодишници во земјата не успеваа да ги достигнат основните нивоа на вештини за читање и математика. Северна Македонија веќе имаше најдолготрајно затворање на училишта во регионот, кога училиштата во земјата беа затворени вкупно 54 недели, во споредба со просекот од 24 недели во регионот на Европа и Централна Азија. Повеќе од 60 отсто од наставниците изјавија дека бројот на ученици што имаат тешкотии во совладувањето на наставните програми се зголемил во овој период“, рече ДиЏовани.

Според неа, ризиците со коишто децата се соочуваат кога се надвор од училиште и понатаму се поголеми од ризиците во училиште. Вели дека долготрајното затворање на училиштата на ниво на целата држава, ограничените ресурси за учениците, наставниците и родителите и немањето пристап до далечинско учење го уназадиле деценискиот напредок во образованието и го направиле детството непрепознатливо.

„Секогаш кога е можно треба да се избегнува затворање на училишта на ниво на целата држава. Кога се зголемува стапката на заразување со Ковид-19 во заедницата и кога строгите мерки за јавно здравје стануваат неопходност, училиштата мора последни да се затворат, а први да се отворат. Што кажува за нашите приоритети ако училиштата се затворени, а другите јавни места остануваат отворени? Општеството и Владата имаат можност да им покажат на децата дека тие се најважниот ресурс на оваа земја така што ќе овозможат училиштата да бидат безбедни и отворени за настава во живо. 2022 не смее да биде уште една година на нарушено учење. Треба да биде година во која образованието и најдобриот интерес на децата ќе имаат првенствена важност.“, категорична е ДиЏовани,

Можете да прочитате

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор