Утрински Весник
Свет

Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер го погоди Авганистан – повеќе од 20 загинати

Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер го погоди Авганистан – повеќе од 20 загинати

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западен Авганистан, при што загинаа повеќе од 20 луѓе, а беа уништени стотици домови, соопштија локалните власти.

Земјотресот ја погоди западната провинција Бадгис, која се граничи со Туркменистан и уништи голем број куќи.

„За жал, првите бројки покажуваат дека загинале 22 лица, меѓу кои жени и деца, а четворица се повредени“, изјави Баз Мохамад Сарвари, директор на Центарот за информации и култура во провинцијата Бадгис.

Бројот на загинати може да се зголеми, додаде тој, додавајќи дека и обилни дождови го погодија регионот.

Мула Џанан Саеќе од Министерството за вонредни ситуации го потврди бројот на жртвите и рече дека се уништени 700 куќи.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 30 километри.

Можете да прочитате

Австрија има најмногу туристи во светот

Макрон, Мерц и Зеленски се сомневаат дека Америка ќе ги предаде

Разбиена европска мрежа за крипто измами што испрала повеќе од 700 милиони евра