Утрински Весник
Свет

Страшна несреќа кај Франкфурт – две лица загинаа

Страшна несреќа кај Франкфурт – две лица загинаа

Две лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи денеска околу пладне на автопатот недалеку од Франкфурт.

Според тамошните медиуми, возачот на автомобилот од засега неутврдени причини најверојатно удрил во резервоарот за гориво на бензинската пумпа на просторот за одмор, што предизвикало експлозија и пожар.

Огнот го зафатил и автомобилот во близина, а потоа се проширил во ресторанот на бензинската пумпа. Едно безживотно тело било пронајдено во возилото, додека друго на тротоарот на неколку метри.

На пожарникарите им требало околу еден час за да го локализираат пожарот. Во спасувачката акција учествувал и полициски хеликоптер.

Во пожарот е уништен автомобилот во кој загина возачот, а властите се обидуваат да ги утврдат сите детали за оваа несекојдневна несреќа.

Можете да прочитате

САД бараат од Романија да користи бази за воени операции во Иран

Трамп: Војната ќе заврши кога и да посакам

Ирак: Нема да дозволиме ниту Иран ниту САД да извршуваат напади од наша територија