Утрински Весник
Свет

Канада ги предупреди граѓаните да не патуваат во Украина

Канада ги предупреди граѓаните да не патуваат во Украина

Канадската влада ги повика своите граѓани да избегнуваат патување во Украина доколку не е потребно.

„ Го променивме нивото на ризик за Украина за да се избегне патување што не е неопходно поради тековната руска агресија и акумулацијата на војници во земјата и на границите околу неа“, се вели во соопштението на канадската влада доцна во саботата.

Москва стационираше повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, а САД во петокот соопштија дека изразуваат стравување дека Русија подготвува изговор за инвазија на Украина доколку дипломатијата не ги исполни своите цели.

Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли ќе го посети Киев следната недела за да ја потврди поддршката на Канада за суверенитетот на Украина и да ги засили напорите за одвраќање на руските „агресивни дејствија“, соопштија претходно официјални лица од Отава.

Канадскиот заменик-министер за надворешни работи Марта Морган и американскиот заменик државен секретар Венди Шерман разговараа во петокот, најавувајќи дека ќе ја продолжат блиската координација со цел да се одврати понатамошната руска агресија врз Украина и ја повикаа руската страна на деескалација.

Во интервју за канадската телевизија CBC, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја опиша Русија како „агресор“. Тој рече дека на Русија е да ја деескалира ситуацијата и дека НАТО е подготвен повторно да ги послуша барањата на Москва.

Русија, од друга страна, ги негира плановите за напад на Украина, но тврди дека би можела да преземе воена акција на неодредено време доколку нејзините барања не бидат исполнети.

Канадскиот премиер Џастин Трудо во вторникот разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и нагласи дека секој воен упад во Украина ќе има сериозни последици, вклучително и координирани санкции.

Канада воведе санкции за повеќе од 440 поединци и субјекти поради анексијата на Крим.

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи