Утрински Весник
Свет

(Видео) Шест лица застрелани за време на концерт во Америка

(Видео) Шест лица застрелани  за време на концерт во Америка

Шест лица се префрлени во болница откако биле застрелани на концерт во Орегон, во петокот вечерта, соопшти полицијата.

Шефот на полицијата Крис Скинер рано утрото им изјави на новинарите дека една жртва е во критична состојба, во како што ја нарече, една од најтешките престрелки што се случија во градот Јуџин.

Тоа лице е однесено на операција, рече тој. Скинер не кажал во каква состојба се другите застрелани лица.

Пукањето се случило на паркингот пред концертната сала, каде настапувале Лил Бин и Заи Бенг и други бендови и изведувачи, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата