Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Со пари на граѓаните ќе се снабдува топлинска енергија по висока цена

(Видео) Митева: Со пари на граѓаните ќе се снабдува топлинска енергија по висока цена
Ss2

Додека сите светски лидери водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, пред само два месеца ги убедуваше граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона, тврдеше дека компаниите се подготвени, обвини на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Денеска, Владата повторно со парите на граѓаните, преку буџетски средства плаќа најскапа топлинска енергија“, додаде таа.

300x250 (7)

Според Митева, неспособноста на СДСМ го доведува секое домаќинство во поголеми трошоци преку сметките за парно и струја.

„Катастрофалното менаџирање со кризите од страна на енергетскиот и економскиот тим на СДСМ преку Бектеши и Битиќи се гледа и низ ставот од АД Те-То Скопје, од каде што алармираа дека предложената цена од страна на Владата ќе значи нивно работење со загуба и дека ова е само делумно решавање на проблемот. Дополнително, се закануваа дека ќе се одземе лиценцата на БЕГ што е уште една лага во низата лаги кажани од СДСМ“, посочи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека Владата е извор на сите проблеми.

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово