Утрински Весник
Македонија
Img 7972

67 Авганистанци добија привремен престој во земјава

67 Авганистанци добија привремен престој во земјава
Img 7972

На скопскиот аеродром денеска пристигна група од 67 бегалци од Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, информираат од Владата.

Во владиното соопштение се нагласува дека Македонија ќе им обезбеди привремен престој на овие лица до нивното заминување во трета држава.

„Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население, кое е во опасност од талибанските власти“, посочуваат од Владата и додаваат дека цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународни организации.

Во државата во моментот престојуваат 579 авганистански граѓани, на кои институциите им ја даваат потребната поддршка и помош.

Од земјава до сега заминаа 141 лице, на кои траен престој им обезбедија повеќе држави во светот.

Можете да прочитате

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè