Утрински Весник
Спорт

Милан пристојно се намачи 120 минути со Џенова на Шевченко

Милан пристојно се намачи 120 минути со Џенова на Шевченко

Џенова на Горан Пандев и на тренерот Андриј Шевченко беше на 15 минути од сензационална победа над неговиот поранешен клуб Милан на „Сан Сиро“ во осминафиналето на Купот на Италија, пред „росонерите“ да израмнат до крајот на регуларните 90 минути, за во продолжение да стигнат до 3:1 победа за во четврт-финалето да се судрат со подобриот од мечот Лацио-Удинезе.

Норвежанецот Лео Естигард ги замолче навивачите на Милан во 17. минута од мечот, по што тие ја оддржуваа оваа предност до 74. минута, кога Тео Ернандез му асистираше на Оливие Жиру за израмнување и приморување на продолженија.

Горан Пандев влезе во игра пред да почнат двете продолженија, но Милан успеаја да направат пресврт – прво Рафаел Леао ги донесе во водство во 102. минута по лошата грешка на одбраната и голманот на Грифоне, пред Аксел Салемакерс да го стави точка на мечот во 112. минута од мечот.

> Милан пристојно се намачи 120 минути со Џенова на Шевченко <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина