Утрински Весник
Спорт

Луд меч во Неапол! Фиорентина со 2:5 по 120 минути за четврт-финале во Копа Италија

Луд меч во Неапол! Фиорентина со 2:5 по 120 минути за четврт-финале во Копа Италија

Фиорентина успеа да стигне до импресивна 2:5 победа на „Диего Армандо Марадона“ по многу драма, три црвени картони и 120 минути исцрпувачка игра за да го елиминира Наполи на Елиф Елмас во осмина-финалето на италијанскиот куп.

Душан Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија оваа година кога во 41. минута ги донесе Виола во водство, но Наполи бргу реагира и во 43. минута Дрис Мертенс израмни на 1:1. Се веруваше дека Наполи има одлична предност кога голманот на Фиорентина, Бартоломеј Драговски, доби црвен картон за бизарниот старт над Елмас во финишот на полувремето, но на крајот тоа не донесе ништо за „партенопеи“.

Во 58. минута од мечот Кристијан Бираги, по неуспешниот обид од слободен удар, постигна убав гол од далечина за изненадувачко водство на гостите со играч помалку. И Наполи остана со играч помалку кога во 84. минута Ирвинг Лозано доби црвен картон за еден брутален старт над Нико Гонзалез. Мечот потоа доби и брутална димензија со многу дуели на теренот за Фабијан Руиз во 92. минута да добие втор жолт картон и Наполи да игра со 9 играчи. И покрај ова, по еден очајнички обид на домаќините, Петања во 94. минута израмни на 2:2 за да дојде до продолженија.

Во продолженијата се почуствува дека Наполи игра со девет играчи, нешто што го искористи Лоренцо Венути во 105. минута од мечот и Кшиштоф Пјонтек со својот прв гол за клубот од Фиренца во 108. минута за 2:4 за Јусуф Малех да стави сол на раните на домаќините со гол во 119. минута за конечни 2:5.

Фиорентина во четврт-финалето ќе игра со Аталанта, која претходно со 2:0 ја елиминира Венеција.

> Луд меч во Неапол! Фиорентина со 2:5 по 120 минути за четврт-финале во Копа Италија <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина