Утрински Весник
Свет

Две лица загинаа во протестите во Судан

Две лица загинаа во протестите во Судан

Две лица беа убиени кога демонстрантите се собраа во главниот град Картум за да протестираат против воениот удар на 25 октомври минатата година.

Според агенцијата АП, суданските безбедносни сили употребиле солзавец за да ги растераат илјадниците насобрани демонстранти кои маршираа на главната улица во Картум во правец на претседателската палата.

Суданските власти соопштија дека се убиени висок офицер и демонстрант, а полицијата соопшти дека висок офицер бил убиен додека обезбедувал протест во близина на претседателската палата.

Можете да прочитате

Франција ангажира 70.000 полицајци по најавите за нови протести

Секој трет Европеец поддржува авторитарна или популистичка партија

Ќе падне ли и Нетанјаху? Огромна излезност на изборите во Израел