Утрински Весник
Свет

Листа на земји каде смртноста од ковид е најголема – Македонија на шестото место

Листа на земји каде смртноста од ковид е најголема – Македонија на шестото место

Според податоците на веб-страницата Ворлдометерс, шест земји во регионот се на црната листа по бројот на починати од Ковид.

На врвот на листата е Бугарија, каде починале 31.838 лица, што значи дека умреле 4.635 на милион Бугари. По нив следува БиХ, каде од коронавирус починале 13.696 луѓе, што значи дека починале 4.215 луѓе на милион жители. Потоа следуваат Унгарија, Црна Гора, па Македонија.

Хрватска се најде на седмото место од 10-те најлоши во Европа, каде од коронавирус починале 12.983 лица. Хрватска има 4.066.593 жители, што значи дека на милион жители починале 3.193 луѓе.

Словенија не влезе во 10-те земји со најцрна бројка на починати од Ковид, но е блиску, односно го зазеде 13-тото место со 2.731 починат на милион жители. На најдобрата позиција на листата е Србија, која е на 30-то место во однос на регионот, каде досега починале 12.984 лица, што значи дека од нив починале 1.495 на милион жители.

Можете да прочитате

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции